Која е Дијана Илина?

Со бранот засилувања за наредната сезона во ЖРК Вардар се појави единственото име кое предизвика чудење меѓу фановите на ЖРК Вардар. „Која е Дијана Илина?“ беше прaшањето кое најчесто се поставуваше изминатиов месец откако беше обелоденет трансферот на белоруската ракометарка. Таа во следните три сезони ќе игра на централната бековска позиција, онолку колку што ќе и дозволи концептот на тренерот Кастратовиќ.

Илина има 20 години и е репрезентативка на Белорусија од својата 17 година. Доаѓа од екипата на белорускиот првак, Гомељ и сезоната ја заврши со титула во Белорусија и во Балтичката регионална лига. Има интернационална кариера со тимот на Астраханочка во Русија, каде настапуваше до крајот на есенскиот дел од минатата сезона. Во 2013 година дебитира во сениорската репрезентација на Белорусија.

„Многу малку знам за Вардар, освен само што гледам натпревари на клубот во Лигата на шампионите. Вардар е навистина голем клуб со големи амбиции. Како и секој играч и мојот сон е да играм во лигата на шампионите и среќна сум дека ја добив оваа шанса. Ќе дадам се од себе, ова е навистина понуда што не се пропушта. Многу добра шанса за мене како млад играч да настапувам за екипа како Вардар и да имам вака силни натпревари. Добра шанса да го пробам и да го осетам овој квалитет на игра, вели Илина за официјалниот сајт на Вардар.

ФОТО:http://zrkvardar.mk/