Коциќ две години во Франција

Повремениот репрезентативец на Србија, Мирослав Коциќ, го напушта шампионот на Турција, Бешикташ, и се сели во Франција каде ќе го брани голот на Саран, клуб кој настапува во првата лига на Франција. За Коциќ новиот клуб ќе биде уште едно интернационално искуство по Металург и Бешикташ. Договорот меѓу Коциќ и францускиот клуб е на две години.

Во Србија, Коциќ настапуваше за Зајачар, Војводина и Железничар. На репрезентативно ниво бранеше на квалификациите за ЕП во Полска, но поради повреда го пропушти првенството.

По Џукиќ, Коциќ е второто официјално име кое заминува од турскиот шампион, веќе се највува нов трансфер и тоа на македонскиот репрезентативец Немања Прибак, кој се врзува со францускиот шампионат, но конечната одлука ќе ја соопшти централниот бек на крајот на сезоната.

Од клубот на почетокот на сезоната замина Ведран Зрниќ, а како ќе изгледа конечниот состав на Бешикташ за следната сезона ќе биде познато на крајот на август.