Котевски после дуелот со Металур јуниор: Победивме против одлична екипа во одличен меч

Екипата на Бутел останува осамена на врвот на табелата во Првата машка лига со девет поени после победата во дербито против Металург јуниор со 22:20. Ова беше триумф на гостување кој покажа дека Бутел останува еден од главните кандидати за влез во Супер лигата.

„Игравме натпревар против добра екипа. Ова беше одлична средба на која имаше и одлично суедње. Драго ми е што имаше и многу публика на трибините. Победи подобриот тим и мислам дека заслужено се радувавме на бодовите. Бутел е составен од поискусни играчи меѓу кои имаме и ракометари кои имаат настапи во Лигата на шампионите како Печенковски. Сепак, сметам дека ни треба уште време за да се уиграме и како ќе одминува времето ќе бидеме сè подобри“, изјави тренерот на Бутел, Игор Котевски.

Со оглед на тоа што Бутел се издвојува како сериозен кандидат, а веќе има три победи сосема извесно е дека веќе се гледаат и ривалите за врвот. Металург јуниор е еден од нив, но Котевски не препушта ништо да случајот.

„Секоја екипа има свои шанси во лигата.Не ги знаеме добро сите тимови, но очекувам ривалство со Риниа М, Текстилец, Тиквеш, Младост. Против секој ривал мораме да одиграме квалитетно и добро и очекувам да ја истуркаме добро сезоната до крај“, беше коментарот на тренерот на лидерот во Првата лига.