Костески фасциниран од Селкаспор: Ова го нема ни во Кил! (ФОТО+ВИДЕО)

Доскорешното десно крило на Металург, Никола Костески, по пет сезони минати во Автокоманда го напушти македонскиот вицепрвак и започна интернационална кариера. Првиот предизвик надвор од границите на нашата земја за Костески ќе биде Турција, и тимот на Селка Ескишер, каде нaстапува македонскиот голман Виктор Гигов.

Костески веќе ги мина лекарските прегледи во турскиот тим и ги започна подготовките. Тој е презадоволен од условите што ги затекна во Турција и очекува да има успеси во тамошниот шампионат.

„Условите што ги затекнав овде се навистина фантастични и не очекував дека доаѓам во ваква средина. Мислам дека вакви услови нема ниту Кил. Лекарските прегледи и испитувања траеја дури два дена. Веќе ги започнавме подготовките за новата сезона, со мене е голманот Гигов, кој ми помага околу адаптацијата. Во вторник заминуваме надвор од нашата база, не чекаат десетина пријателски натпревари. Навистина сум презадоволен, и ми преостанува со квалитетни игри на теренот да ја оправдам довербата на челните луѓе.“ – изјави Костески.