Костески тргна фуриозно во Турција

Македонскиот интернационалец Никола Костески имаше одличен старт на новото поглавје во неговата кариера. Десното крило од летово е член на турската екипа Селка Ескишехир, со која имаше победнички старт во новата сезона.

Селка на домашен терен беше подобра од тимот  на Мерзифон со 29:25, а некогашниот играч на Металург беше најдобар во победничкиот тим и постигна 7 голови. За Селка солидна партија имаше и голманот Виктор Гигов.