Костески: Со помош на публиката најдовме сили да дојдеме до победа

Македонија дојде до првата победа на Светското првенство откако успеа да го надигра составот на Нигерија и да освои два бода кои ќе значат многу за продолжението од првенството. На оваа средба најефикасен играч беше Костески, кој успеа да ја искористи можност да погоди 13 пати со оглед на тоа што редовно на неговата страна остануваше простор.

„Се обединивме сите заедно и кренавме глава. Со помош на публиката која денеска беше на трибините успеавме да го добиеме овој натпревар. Им честитам на момците што ја зацврстивме одбраната за да дојдеме за победа“, рече најефикасниот на мечот со Нигерија и играч на натпреварот.

После овој натпревар следува меч против Бахреин на кој ќе треба да се одработи многу подобро ако се сакаат нови бодови.

„Останува да се анализираме Бахреин и да се подготвиме. Мораме да одиме на победа за да обезбедиме осминафинале. Ќе се потрудиме заедно за да обезбедиме победа и да се пласираме во елиминациите“, изјави Костески после средбата против Нигерија.

Утре Македонија игра од 20:30 часот против Бахреин во рамки на 3. коло.