Костески со одлично издание во новата победа на Татран Прешов

Тимот на Татран Прешов, по загубениот пехар во Купот, се врати на победничките патеки во словачкиот шампионат.

Славеше на гостувањето кај Пиештани со 22-30, во рамките на 26 коло од Суперлигата и на две кола до крајот има четири бода предност пред Бистрица.

Македонскиот интернационалец Никола Костески постигна пет голови од пет обиди на овој натпревар и ја продолжи одличната форма.