Костески: Секој од нас ќе го даде максимумот!

Пред последниот натпревар, во СЕХА лигата за македонскиот шампион, следува ново искушение во името на Мешков Брест. Шансите за пласман на завршницата во Веспрем се сведени на теорија, но тоа не ги обесхрабрува ракометарите од Автокоманда, кои во белорускиот шампион гледаат шанса за стекнување на ново искуство кое ќе им користи во клучните натпревари од македонското првенство. На денешната прес-конференција Никола Костевски и Левче Китевски ја сумираа работата на клубот и очекувањата од натпреварот со Мешков.
000_0631-2
Никола Костески, ракометар на РК Металург:

Точно знаеме каква екипа е Брест. Игравме таму имавме шанса, но искуството победи. Секој од нас ќе го даде максимумот и ќе се бори за поволен резултат. Ја замолувам публиката да дојде и да не подрржи.

000_0632-2

Левче Китевски, претседател на РК Металург:

Отвараме нова страница задоволни сме на почетокот. Се засиливме толку колку што можевме,и со тоа што можевме како квалитет да го обезбедиме. Се подготвуваме и за наредната сезона. Јас како претседател сум задоволен и се надевам ќе го вратиме сјајот на оваа екипа. Верувам во младите момци и со нивна помош ќе се обидеме да го вратиме Металург на старите патеки.

Натпреварот се игра во недела 15.03.2015 во 19:00 часот, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а влезот е бесплатен за сите ракометни љубители.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ

Забрането превземање на фотографии без одобрение од Редакцијата