Костески на чекор до титула во словачкиот шампионат

Тимот на Татран Прешов поведе со 2-0 во финалната серија од разигрувањето за титулата во словачкиот шампионат.

Екипата каде што настапува македонскиот интернационалец Никола Костески по триумфот на домашен терен, славеше и на гости кај Повашка Бистрица со 22-28.

Во серијата до три победи, Татран го пречекува ривалот повторно на домашен терен и со триумф може да ја освои титулата.