Костески влезе во одбрано друштво – го подигна шампионскиот трофеј со Татран

Тимот на Татран Прешов ја победи Повашка Бистрица со 35-23 и со чисти 3-0 во финалната серија ја освои титулата во словачкиот шампионат.

За екипата од Прешов во втората полусезона играше македонскиот интернационалец Никола Костески, кој може да се пофали дека е еден од малкуте наши кои играат во странски клубови, а освоија титула.

Стружанецот одигра одлична полусезона во Татран, но нема да го продолжи својот престој таму и многу наскоро ќе биде позната неговата следна дестинација.