Костадин Петров е најновото засилување на Металург

Костадин Петров(23 години, 194 см, 110кг) е најновото засилување на Металург на пикерската позиција. По ангажманот на Јанко Божовиќ и Марко Матиќ, Петров е третото засилување за “плаво-белите” кој се обврза да остане во Автокоманда во наредните три сезони. Петров е поранешен кадетски и младински репрезентативец, а во Металург пристигнува од екипата на Радовиш.

“Пресреќен сум што ќе бидам дел од семејството Металург, а особена чест ми е што ќе работам под раководство на тренер од светски ранг, каков што е Лино Червар. Ова е голем чекор во мојата кариера. Сакам да тренирам, сакам да напредувам и се надевам на големи успеси со Металург, бидејки јас сум човек што верува во себе и во тимот“-изјави Петров за официјалниот сајт на Металург.