Корона Брашов ја совлада Баја Маре

Во романското првенство, амбициозниот тим на Баја Маре го доживеа својот прв пораз во Брашов. Натпреварот заврши со еден гол разлика за ракометарките на Корона Брашов 29 : 28 ( 13 – 15). Домаќинот беше предводен од Аурелиа Брадеану која постигна шест голови.

Македонската репрезентативка, Елена Ѓоргиевска постигна пет голови и беше меѓу најдобрите стрелци во тимот. Најефикасна во Баја Маре беше младата Елиза  Јулија која постигна осум голови.

Долго очекуваното дерби меѓу Баја Маре и ЦСМ Букурешт е закажано на петти октомври. Конкуренцијата во романското првенство секоја сезона се зголемува, а оваа година се чини дека ќе донесе неизвесна битка за шампионскиот трофеј.