Кореографија во сино ќе го обои СЦ”Јане Сандански” (ФОТО)

Интересна глетка ги пречека сите фанови на Вардар во СЦ”Јане Сандански”. Целата сала наместо во “црвено-црно” е обоена во сино. Но, сите можат да здивнат бидејки не станува збор за грешка или нешто слично. Имено главниот спонзор на ЕХФ Велукс Лигата на шампионите, данската фирма за кровни прозорци Велукс прославува 75 години од своето постоење, па во нивна чест македонската публика и ракометниот клуб Вардар ќе го изведат однапред подготвеното изненадување.

13054603_10207668121934291_2034847621_obefore veszprem-0291

 
По повод 75 години од постоењето на фирмата, Велукс донира кровни прозорци ширум ракометните сали низ Европа, а преку ракометниот клуб Вардар ќе се изведе донаторска акција во Македонија по која еден клуб ќе добие шест кровни прозори со комплетна монтажа.