Корди: Металург во завршницата покажа кој е и што е!

Металург ремизираше со Нексе во рамките на петтото коло од СЕХА лигата. По натпреварот меѓу Металург и Нексе, гостинскиот тренер истакна дека изедначениот дуел и завршницата на натпреварот се пресликани во овој нерешен резултат, додека еден од најдобрите поединци во составот на Нексе е разочаран од ремито бидејќи не очекувале ваков натпревар и толкава предност која лесно ја загубиле.

Мислав Ненадиќ, ракометар РК Нексе:

Одигравме тежок и борбен натпревар, пред овој дуел некој да ни понудеше бод веднаш ќе прифатевме, сега на крајот на натпреварот малку сме разочарани. Финишот на натпреварот го пресуди конечниот резултат, имавме егал и изедначена борба до самиот крај за поделба на бодовите.

Зденко Корди, тренер РК Нексе:

Мислам дека го искористивме тоа што Металург играше во Лигата на шампионите оваа сабота и искорстивме некои ситуации на теренот, имавме убава предност, но на крај ми жал што ја испуштивме таа предност. Металург во завршницата покажа кој е и што е. И честам на мојата екипа за бодот, бидејќи секој освоен поен ни е вреден сè уште сме во фаза на воигрување и се надевам ќе бидеме подобри во наредните натпревари.