Констанца во 3. рунда: Маркоски и Митревски го чекаат следниот ривал во Купот на ЕХФ

Велко Маркоски и Никола Митревски денеска го очекуваат противникот во 3. коло од Купот на ЕХФ. Денешната ждрепка ќе им го донесе името, а со тоа и можност од речиси еден месец за да успеат да стигнат до што е можно подобра подготовка за дуелите кои ќе следуваат ноември.

Противниците се силни бидејќи доаѓаат од Германија, Шпанија, Данска… но она што е јасно е дека ова е последен филтер пред пласманот во групната фаза.

Двајцата репрезентативци на Македонија имаа одлични настапи во 2. рунда каде Констанца го совлада тимот на БСК од Норвешка и на двата дуели на домашен терен. Првиот меч заврши со 24:22, а вториот со 27:24. Маркоски немаше голови, а јасно е дека неговата задача е главно во одбраната.