Конечно во Струмица: Нахас големо засилување за Зомимак-М

Либанскиот итернационалец Ходор Нахас по една сезона откако се договори со струмичкиот суперлигаш, конечно пристигна во Македонија и во наредната сезона ќе ги брани боите на Зомимак-М. Искусниот десен бек ќе биде битна алатка во тимот на струмичани, кои во овој 30 годишен интернационалец и во името на Раде Стојановиќ, на позиција лев бек, го добија потребното искуство и квалитет за наредната натпреварувачка сезона во купот на ЕХФ. Струмичани ја започнуваат новата сезона со подготовките кои се закажани за почетокот на август.

„Договор со Зомимак-М имав потпишано уште минатата сезона, но поради лични причини не можев договорот да го испочитувам и се договоривме да од следната сезона се приклучам на тимот. Сега веќе сум во Струмица и презадоволен сум од гостопримството на луѓето од управата на клубот. Желен сум да ги покажам моите квалитети на струмичката публика.“

– изјави Ходор Нахас за официјалната клубска интернет страна.

Десниот бек потпиша едногодишен договор и оваа сезона конечно ќе заигра за „рисовите“, со кои ќе се обиде да ги изненади Металург и Вардар.