Комплетиран е женскиот Ф4 во Купот: Стружанка го надигра Пелистер

Мотивираниот состав на Стружанка го доби последниот четвртфинален двобој од Купот на Македонија. Во Струга, падна екипата на Пелистер која парираше во поголем дел од мечот, но на крајот домашните победија со 32:27.

Без разлика на конечниот резултат, натпреварот започна изедначено. Се играше гол за гол, но на резултат 10:10, Стружанка направи разлика и го доби првото полувреме со 16:12. Домашните ракометарки оваа предност до крајот успешно ја задржаа и забележаа триумф.

Теодора Маркоска и Магдалена Делиоска беа предводници на победата на својот тим со по седум гола. Радмила Јовичанац погоди 6. Во составот на Пелистер, се истакна Ангела Јанкуловска со девет погодоци.