Комплетен ремонт на централната бековска позиција во Вецлар: Стеван Вујовиќ замена за Хармандиќ

Репрезентативецот на Црна Гора и поранешен играч на РК Вардар, Стеван Вујовиќ од наредната сезона ќе игра во Бундес лигата за екипата на Вецлар. Тој треба да биде замена за Аднан Хармандиќ кој заминува во втората германска лига. Вујовиќ ќе биде вториот репрезентативец од Црна Гора кој настапува за екипата на Вецлар бидејќи во дресот на германскиот бундеслигаш настапува и некогашниот бек на Металург, Владан Липовина. Стеван Вујовиќ претходно настапуваше за Цепелин, Ловќен, Црвена Звезда, РК Вардар, Антекера, Селестат и Ел Џаиш.Наредната сезона во Вецлар ќе игра и Филип Миркуловски кој ќе има тешка задача да го наследи легендарниот Ивано Балиќ, а по Балиќ, кој заминува во пензија, свој наследник доби и вториот централен бек Хармандиќ. Како ќе функционира германската екипа под диригентската палка на дуото Миркуловски-Вујовиќ ќе покаже наредната сезона.