Комитите против сината армија:Вардар ќе брка четвртфинале на жешкиот терен во Плок

Ракометарите на Вардар за противник во осминафиналето на ЕХФ Велукс Лигата на шампионите, ја добија незгодната екипа на Висла Плок. Полскиот претставник заврши на третата позиција во групата Б, со скор од 6 победи 1 нерешена и три порази. Жешкиот терен во Плок претставува непосакувана дестинација за секоја екипа во ова натпреварување и од тој аспект а и од натпреварувачки се чини дека Вардар го доби најтешкиот од потенцијалните противници во осминафиналето. Висла Плок е екипа која е микс од Полски репрезентативци ( Вишњевски, Јуркевич, Дашек) со одлични интернационалци во имињата на (Зеленовиќ, Гионеа, Никчевиќ, Монторо, Тиаго Роча) предводени од одличниот Маноло Кадењас на клупата. Но Вардар со составот кој го има и со последната победа во Манхајм покажа дека секого може да победи и ќе атакува на Фајнл-фор турнирот во Келн. Овој дуел ќе биде посебно интересен и од навивачки аспект бидејки ќе се сретнат најдобрите навивачи во ЕХФ Лигата на шамппионите, Комитите против Сината армија навивачи на Висла. Не очекува одлично осминафинале од секој аспект, во кое се надеваме нашиот претставник ќе помине во четвртфиналето и ќе се најде на чекор до пласман на фајнл-фор турнирот во Келн.