КОМЕНТАТОРИТЕ КОИ ГО ЗАГУБИЈА ГЛАСОТ ПОРАДИ ВАРДАР ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ НА ПРОСЛАВА!

Српските колеги Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, беа рамо до рамо со македонски новинари во славјето во Келн, се радуваа на успехот на Вардар и ќе допатуваат во Скопје. Во чартерот за Македонија нема да има македонски новинари, но затоа тука ќе бидат коментаторите на регионалниот канал Арена Спорт, поточно колегите од српската редакција.

Двајцата коментатори на Арена Спорт, веќе подолго време одлично ги одработуваат ракометните натпревари од кои вршат преноси, а особено тука е вклучена Лигата на шампионите и секако завршниот турнир во Келн. Како и по средбите со ПИК Сегед, така и сега, не ги штедеа своите гласови во радоста за Вардар. Тие двајца ќе патуваат заедно со ракометарите во чартер летот и ќе бидат дел од прославата во Скопје.

Македонската публика во 2017 година кога Вардар за прв пат ја освои титулата во Лигата на шампионите можеше да го проследи натпреварот со македонски коментар. Тогаш Југослав Костовски беше човекот кој ја водеше македонската публика до првиот трофеј на Вардар од Келн. За жал оваа сезона ниту една македонска телевизија не ги откупи правата за Лигата на шампионите, затоа оние кои имаа можност уживаа во преносите на Арена Спорт.