Колешка на Сара Ристовска си најде нов ангажман во Мец

Екипата на Мец најде ново име кое ќе ја засили пивотменската позиција. Станува збор за Олга Передери која моментално настапува во Крим. Украинката потпиша две годишен договор со Мец, а авантурата во францускиот тим ќе ја започне ова лето.

Инаку, 24-годишната Украинка својата кариера ја започна во Мотор Запорожје од каде премина во Карпати Ужгород. Таму беше забележан нејзиниот квалитет па од 2012 до 2015 успешно го носеше дресот на Ростов Дон. Две години помина во Хувента Михаловце за од 2017 да стане играч на Крим.

Освен неколкуте трофеи од домашните шампионати и Купови нема успех на европска сцена. Мец би бил одличен клуб за неа во обидот да се афирмира во амбициозенклуб од Лигата на шампионите.