Колев и Ница му „дишат во врат“ на непоразениот Мец

Ракометарките на Ница, предводени од клупата од македонскиот стратег Марјан Колев, а на теренот од одличните Кармен Мартин со 8 и Линеа Торстенсон со 5 голови, забележаа нова победа во францускиот шампионат, откако славеа на гости кај составот на Тулон со 22:27.

Ова е шеста победа за тимот на Колев во девет меча, со која застанаа на второто место на табелата, веднаш зад непоразениот тим на Мец, кој има максимален учинок, не само во Франција, туку и во Лигата на шампионите, каде што заедно со Вардар имаат три од три.