Колев „гази“ сигурно во Франција, Ница го среди и Дижон

Поранешниот македонски репрезентативец Марјан Колев, успешно „плива“ во тренерските води. Со тимот на Ница има одличен старт во францускиот шампионат, а во последното коло неговиот тим во кој играат ѕвезди од типот на Кармен Мартин и Линеа Торстенсон, славеше дома против Дижон со убедливи 27:18.

Претходно Ница го победи опасниот тим на Нант на домашен терен, а успеа да му украде бод и на фаворизираниот тим на Брест Бретања, со кој на гости одигра 23:23. Единствен пораз е од шампионот Мец со 20:24, но тој и не треба да биде сфатен трагично, бидејќи и сезонава Мец е главен фаворит за шампионската титула во Франција.