Кои ќе бидат противниците на вардарки во групата од ЛШ за сезоната 2015-2016

Македонскиот женски ракометен шампион и освојувач на третото место во ЛШ, екипата на ЖРК Вардар во петок ќе ги дознае своите противници во групната фаза на Лигата на шампионите за наредната сезона. Оваа година “црвено-црните” ќе ја стартуваат ждрепката од вториот барабан во кој се наоѓаат и екипите на Крим (Словенија), ЦСМ Букурешт (Романија) и Турингер (Германија), кои не можат да бидат противници на вардарки во групната фаза.

Во првиот барабан се екипите со кои ЖРК Вардар водеше тешки борби во изминативе две години и главни фаворити за првото место, Будуќност и Ларвик. Во третиот барабан се наоѓа Ростов Дон, екипата која сите ривали најмалку ја посакуваат во својата група поради одличниот транфер пазар по кој во Ростов ова лето пристигнуваат ракометарки од типот на голманката Лунде Харалдсен и Макарена Агилар. Во најслабиот четврти барабан се наоѓаат француски Флери, полски Лублин, и два квалификанти. Ждрепката ќе се одржи во петок во Виена со почеток во 19 часот и 15 минути.

Барабан 1: Будуќност, Ларвик, Ференцварош, Митјиланд

Барабан 2: ЖРК ВАРДАР, ЦСМ Букурешт, Турингер

Барабан 3: Ростов Дон, Савехов, Хипо, Подравка

Барабан 4: Флери, Лублин, квалификант 1, квалификант 2


КВАЛИФИКАЦИИ:

Барабан 1: Ѓер,Есбјерг

Барабан 2: Главсверкет, Баја Маре

Барабан 3: Белаз Минск, Серкодак

Барабан 4: Раднички, Анкара