Кои екипи ќе играат во Прва Лига

Во претстојната сезона во Првата Лига ќе играат 14 екипи, иако до стартот на Суперлигата, ќе остане дилемата дали последното место ќе го заземе Младост, или тоа ќе биде составот на Ѓорче, кој задоцни со пријавувањето на екипата.

Нови тимови во Првата Лига се Металург Јуниор, Бутел Скопје, Рудар Пробиштип, Вардар Неготино и Делчево, иако дел од нив прават камбек по неколку години апстиненција. Најстариот ракометен клуб во Македонија, Работнички, не пријави екипа за новата сезона, додека во споредба со лани ќе го нема ниту Вардар 2.

Денеска во просториите на РФМ беше извршена ждрепката за натпреварувачките броеви, по што беше и утврден распоредот, а првото коло ќе се игра еден викенд по стартот на Суперлигата, односно на 23 и 24 септември.

Екипи што ќе играат во Прва Лига:

Риниа
Преспа
Струга
Куманово
Тиквеш
Партизан Гевгелија
Текстилец
Металург Јуниор
Бутел Скопје
Вардар Неготино
Делчево
Спартак
Рудар Пробиштип
Македонија ЃП/Младост

Распоред на натпреварите можете да го видите на следниот ЛИНК