Кога ќе ја спушти ролетната: Октоподот Арпад Штербик ја нокаутираше Барса (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Арпад Штербик имаше 15 одбрани на дуелот против Барселона и буквално самиот го среди противникот во 5. коло. Тој царуваше на голот и не дозволи противничките играчи да се расшутираат.

Штербик имаше одлични одбрани при што запре и неколку зицери, а фати и неколку „живи“ топки така што ги доведе до лудило ракометарите на Барса кои ќе го сонуваат неколку ноќи.