Кога ќе ја препишете „хака“ од Нов Зеланд: И Самоанките имаат воинствен танц (ВИДЕО)

Изминативе две седмици во Маурициус се одржа Светското првенство во ракомет на плажа за категории до 17 години. Победници во женска категорија се Унгарките, додека Шпанија го освои машкиот турнир. Ако педигрето и квалитетот на новите светски шампиони не беше изненадувачки, со оглед на нивната позиција во сениорските категории, публиката на плажите во Маурициус ја изненади интересната прослава на младите ракометарки на Американска Самоа по победата над Австралија.

Иако Самоанките не успеаа да обезбедат висок пласман(завршија како 12ти) нивниот настап и воинствениот танц кој досега се навикнавме да го гледаме од новозеланѓаните оставија голем печат на овој турнир.

Традиционалниот воинствен танц е препознатлив декор пред почетокот на секој натпревар на репрезентациите на Нов Зеланд. Препознатливата „хака“ ја одржува традицијата и корените на народите кои живееле на просторот на Нов Зеланд пред да започне колонизацијата. Воинствениот танц на новозеланѓаните привлекуваше големо внимание и на плажите на Маурициус.

Репрезентацијата во ракомет на песок на Нов Зеланд својот настап на Светското првенство до 17 години го заврши на 13. позиција.