Кога политиката е над спортот: Големи главоболки за домаќинот на Супер глоуб

Веќе традиционално осма година во низа новата ракометна сезона ја отвораат најдобрите екипи во светот на турнирот Супер Глоуб.  Идејата започна од Виена во 1997 година, во 2002 продолжи во Доха, потоа Каиро беше домаќин на овој егзибициски турнир во 2007, за во 2010 Катар да го ребрендира и да создаде престижен турнир со традиција од седум години. Новата спортска сала „Духаил“ изградена за потребите на Светското првенство 2015 година ќе биде домаќин на новиот собир на светските лидери во клупски ракомет.

Но овој турнир ќе биде вистински испит за домаќинот на Супер Глоуб, Катар. Поради политичка криза со блок земји кои го обвинуваат Катар за поддршка на тероризам и санкции од речиси сите соседи, две екипи мораше да го откажат своето учество од Супер Глоуб. Шампионот на Саудиска Арабија една од земјите кои се најжестоки критичари на политиката на Катар го откажа учеството, па место Ал-Нор, организаторот го покани иранскиот шампион „Оил анд Гас“. По стапките на азискиот шампион Ал-Нор продолжи и африканскиот првак, египетскиот Ал Ахли кои уште минатиот месец го откажаа своето учество како бојкот на телевизиската мрежа Беин Спорт, дел од семејството на телевизискиот гигант Ал Џезеира. Недела подоцна неговото место им беше понудено на финалистите на Африканскиот куп- Замалек, но составот од Египет ја стави политиката пред спортот.

Затоа наместо египетски екипи местото во Доха ќе го завземе Есперанца Спротив де Тунис, кои во средата (06.07.2017) добија и официјална покана од организаторот.

Своето учество веќе го потврдија бранителот на титулата Фуксе Берлин, новиот европски клупски шампион Вардар од Скопје, австралиски Сиднеј Универзитет и шампионот на Јужна Америка, бразилски ЕЦ Пинхеирос.

Остануваат уште две слободни места за да се комплетира листата учесници. Едно за екипата домаќин и едно за тим кој ќе добие посебна покана за учество на Супер Глоуб турнирот од 25-28 август во Доха.