По грешка на ЕХФ: Ќе летаат од Исланд за Русија само за пенали!

Екипите на Хафнарфјордур и Санкт Петербург ќе мораат да се соочат уште еднаш, но овој пат ќе шутираат само пенали. Двата дуели во Купот на ЕХФ завршија со идентични 32:27. Домаќините го користеа својот терен, но резултатот беше идентичен.

Правилата се јасни и налагаат изведување пенали, но делегатот на вториот меч одигран во Русија очигледно ги има скокнато страниците каде што децидно пишува дека при идентичен резултат нема продолженија туку веднаш се оди на изведување на пенали.

Курт Роџер Сјолунд од Финска дефинитивно ќе добие казна, а двата тима ќе мораат да шутираат пенали за да одлучат кој ќе оди понатаму.

Продолженијата коишто се играа поради тоа што делегатот сметаше така завршија во корист на Исланѓаните, но после жалбата вложена од тимот од Русија, ЕХФ одлучи да има враќање на теренот на двата тима и на трошок на Европската федерација уште еднаш да се надмудруваат овој пат во пенал-рулет.