Кога не игра Ивано Балиќ: Вецлар ремизираше со Магдебург, три погодока зад името на Манасков

Натпреварот од 26-то коло во германската лига помеѓу Вецлар и Магдебург, не донесе никакви промени на табелата. Изненадувањето на досегашниот тек од Бундес Лигата, екипата од Магдебург беше на чекор до нова победа која ќе го зацврсти третото место на табелата, но на крај мораше да го одбрани нерешениот резултат од обидот на Стефен Фатх.
Вецлар принудно ја промени играта поради повредениот Ивано Балиќ, чие место го превзема Хармандиќ.
Двете екипи имаа свое полувреме, одличниот старт на екипата на Дејан Манасков не беше гаранција за конечна победа. Иако Манасков на самиот почеток имаше две промашувања, сепак неговиот тим предводен од босанскиот интернационалец Хармандиќ во 22-та минута ги достигна највисоките четири голови разлика 15-11. Во текот на сите триесет минути Вецлар ја имаше контролата над играта и постојано беше во водство. Но наместо да ја задржи високата предност, во последните пет минути од полувремето дозволи гостите да се доближат на само еден гол заостаток.
Во второто полувреме, Магдебург продолжи каде што застана во првото. По пет минути игра го превзема водството и иницијативата во натпреварот.Ниту трите погодоци на Манасков не помогнаа Вецлар да ја превземе контролата над играта. Во 58-та минута Вебер го изедначи резултатот на 31-31, што беше и конечен резултат на натпреварот.
Вецлар и понатаму е на десетото место застанува бод зад Хамбург, Фленсбург има шанса со победа во ова коло, да ја превземе третата позиција од Магдебург.