Кога младите ќе ги превземат конците во свои раце! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот претставник во Б-дивизијата на Лигата на шампионите, екипата на Металург го загуби својот седми натпревар во елитното натпреварување, повторно минимално и неизвесно. Иако резултатот на овој натпревар е сличен како натпреварот во Данска, текот на играта и она што го покажа Металург на овој натпревар влева надеж кај малубројната публика во „Борис Трајковски“.

Во клучните моменти од натпреварот, тренерот Червар одлучи во играта да внесе свежина преку Талески и Кузмановски. Токму тие ракометари помогнати од искусниот австриски интернационалец Јанко Божовиќ ја одржуваа надежта на металурзите за нова радост кај своите верни поддржувачи. Играта што ја прикажа Металург на последниот европски натпревар во Скопје е темел за нови амбиции во наредните изданија на Лигата на шампионите.

До тогаш ви ги презентираме најитересните моменти од дуелот меѓу Металург и Скјерн, преку објективот на 24Ракомет.

[Best_Wordpress_Gallery id=”173″ gal_title=”EHFcl Metalurg-Skjern”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ