Кога Ландин ќе “побудали”, Барселона нема никакви шанси! (ВИДЕО)

Европскиот шампион Барселона нема да има прилика да ја брани европската шампионска титула освоена минитата година. На тој пат се испречи германскиот шампион Кил кој во текот на целата сезона осцилираше во формата, но кога беше најпотребно го матираше ни повеќе ни помалку Европскиот шампион.
Многумина предвреме го отпишаа тимот кој деценија наназад жареше и палеше во европскиот ракомет, а заборавија и на уште еден многу важен детал. Голот на “зебрите” го брани можеби најдобриот светски голман во овој момент. Данскиот репрезентативец Никлас Ландин уште еднаш докажа дека голманите се половина тим, и со фантастичниот перформанс на двата натпревари против Барселона беше еден од најзаслужните што германскиот шампион петта година по ред обезбеди пласман на завршниот турнир.
И покрај негативата од пет голови по првиот натпревар во Германија, Барселона успеа да стигне на чекор до Келн. Сигурдсон погоди за 31-26 и ги доведе каталонците на само еден гол од главната цел. Сепак на тој пат се испречи Никлас Ландин, кој во последните три минути правеше чуда на голот со што ја прекина и последната надеж на Барселона за пласман на ф4 турнирот во Келн.

Шоуто на Ландин погледнете го на видеото подоле.

Landin's saves

Showing his class when it mattered most, THW Kiel goalkeeper Niklas Landin denied FCB Handbol three times with stunning saves in the closing stages of their VELUX EHF Champions League Quarter-final second leg Saturday night.Which save did you like the best?

Geplaatst door EHF Champions League op zondag 1 mei 2016