Кога имаш талент за сè: Слушнете ја новата ракометна химна од маестро Игропуло

Рускиот ракометар Константин Игропуло надвор од терените има армија обожаватели на социјалните мрежи, благодарение на својата ексцентричност, креативност и оригиналност. Покрај огромната популарност на инстаграм, тој е активен на сите дигитални платформи, а најново од „кујната“ на големиот мајстор на забавата е нова песна, зад која со текст, аранжман и музика стои Игропуло. Новото музичко ремек -дело го објави на „јутуб“ каналот по поводот Олимписките Игри во Рио.

Руската репрезентација на успеа да се квалификува на најголемиот планетарен настан, па затоа наместо на теренот, Игропуло ова лето ги докажува неговите способности во музичкиот сектор.

 „Сите повредени ќе бидат излечени, сите невработени ќе се вработат, во Санкт Петерсбург временските услови ќе бидат добри, некој добар ќе дојде на власт и ќе ги казни негативците, сите очекувања ќе бидат исполнети… Не верувате во моето предвидување? Ви звучи нереално? Тогаш тоа ќе биде лошо за вас, а за сите останати се ќе биде во ред ” – вели рускиот бек во својот нов обид за промена на кариерата.

Тој пее за животот со најава дека сè ќе биде во ред како алузија на пораката која треба да ја пратат Олимписките игри. Изведбата на маестро Игропуло може да ја погледнете во продолжение.