Кога го имате Дупјачанец на голот, се е полесно

Македонскиот голман Даниел Дупјачанец игра во одлична форма на стартот на сезоната во Азоти Пулави. Неговиот тим реди победи во полскиот шампионат, а тој на послендиот натпревар против Чобри Глогов ја имаше најдобрата партија досега.

Азоти триумфираше со 24:28, а победата беше најавена уште по првиот дел кога гостите водеа и со 9:17. Дупјачанец броеше до 15 и не им остави ниту малку надеж на домаќините дека можат да се надеваат на позитивен резултат на овој натпревар.