Кога Гедбан ќе влезе во серија, Вардар лесно оди до победа (ВИДЕО)

На првата средба од СЕХА лигата за оваа сезона тимот на Вардар дојде до лесна победа против Пекинг СУ со 37:23, а голманот Гедбан имаше 13 интервенции.

Со овие одбрани тој помогна во создавањето на разликата, а имаше добар ден за загревање за новата сезона. Секако ќе мора да го крене нивото уште повеќе за да се дојде до посакуваното особено во Лигата на шампионите.

Гедбан вчера беше прогласен и за игра на натпреварот против Пекинг СУ, а како изгледа дел од неговите одбрани можете да видите во видеото во продолжение.