Анико Ковачич: Пресреќна сум со освоениот бод

Унгарскиот преставник во Лигата на Шампионите одлично ја отвори новата сезона. Една од најдобрите поединки на теренот вечерва беше поранешната ракометарка на Ѓер, Анико Ковачич која не го криеше своето задоволство по освојувањето на првиот бод во елитното натпреварување и тоа токму против нашиот шампион.

Анико Ковачич: „ Среќна сум. Ова беше тежок натпревар за нас, игравме добро како тим и горда сум на мојата екипа. Се надевам дека следниот натпревар ќе играме подобро. Пред натпреварот да ми кажеше некој дека ќе земеме бод ќе бев пресреќна затоа сум многу среќна вечерва “

Габор Елек : „ Ова беше игра како сон за нас. Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар и среќни сме што освоивме бод. Двете екипи играа со многу грешки и сакаа да победат и мислам дека овој резултат е најреален “