Кобленц поразен од Баер Леверкузен: Одлични Саздовски и Десподовска

Екипата на Кобленц во која настапуваат три ракометарки од Македонија, Ивана Саздовски, Зорица Десподовска и Матилда Атанасоска доживеа пораз од Баер Леверкузен со 24:32 (10:16) во Бундес лигата. Натпреварот беше решен уште на самиот старт кога гостинките со одличната ракометарка Адемс се одлепија на висока предност. Во составот на Кобленц Саздовски беше стрелец на пет погодоци додека Десподовска постигна четири погодоци.

Следен натпревар на Кобленц е против Бломберг на гостински терен.

Фото:vulkanladies.com