КЛ7 го одигра првиот натпревар во сениорска конкуренција

Екипата на КЛ7 го одигра првиот натпревар во сениорска конкуренција, а за противник го имаше новиот суперлигаш Работнички. Младите момци на КЛ7 одлично се спротивставија на поискусната екипа која од оваа сезона ќе игра во Суперлигата.

Натпреварот започна во израмнета борба и се играше гол за гол се до 17. минута кога гостите најпрво поведоа со два разлика односно 8:10 а потоа и со четири голови 9:13, предност што ја одржаа до крајот на првото полувреме, односно 14:18.

Второто полувреме продолжи во ист ритам, Работнички ја одржуваше предноста и не дозволи ракометарите на КЛ7 да се приближат резултатски, за мечот да заврши 29:33. Веќе денеска КЛ7 ќе игра нов пријателски натпревар, против составот на Охрид.