Кликовац најкорисен играч на Куп завршницата

Ако беше очекувано титулата во Куп завршницата да им припадне на актуелните шампионките ЖРК Вардар, индивидуалните награди беа најинтересниот сегмент од доделувањето на трофеите. Вардарки ги собраа сите награди на Фајнл Фор турнирот кој се играше во спортската сала „Автокоманда“.

За најдобар голман беше прогласена Ина Суслина (9 одбрани во финале), за најдобар стрелец хрватската интернационалка Андреа Човиќ која забележа 17 погодоци во полуфиналето и финалниот дуел, а за најкорисен играч е прогласена црногорската репрезентативка Андреа Кликовац.

До крајот на сезоната на Вардар му преостанува да го потврди и последниот трофеј оној шампионскиот во македонската Суперлига.