Кликовац: Конечно експлодиравме! (ВИДЕО)

Вардар е причината поради која Ѓер повеќе не е фаворитот број 1 за освојување на Лигата на шампионките. Одличната одбрана надополнета со расположените Ина Суслина и Амандин Лејно им донесоа предност од плус шест пред патувањето во Ѓер. Една од клучните ракометарки во одбраната на македонскиот шампион, Андреа Кликовац за 24Ракомет ги сподели своите импресии по натпреварот.