Голманот кажа крај: Кирил Колев ја заврши кариерата

Еден од ракометарите што има променето најмногу клубови во македонската Суперлига, Кирил Колев, ја заврши играчката кариера. 40-Годишниот голман последната сезона ја мина во косовскиот тим Кастриоти Урошевац, но предвреме го раскина договорот.

Колев е еден од ретките голмани, што бранел во Вардар, Металург и Пелистер, а покрај за овие екипи настапуваше и за Радовиш, Струмица, Охрид, Борец и ВВ Тиквеш. Освен на Кастриоти, го бранеше голот и на Приштина, додека имаше уште едно интернационалео искуство во полскиот Азоти Пулави.

Колев беше дел и од македонсата репрезентација на Мундијалот во 2017 година во Франција и настапи на шест натпревари.