Кире со еден гол, Нант со важни бодови од гостувањето во Плоцк

Екипата на Нант дојде до важна победа на гостувањето кај Висла Плоцк откако во меч со многу возбудувања и резултатска тензија гостите славеа со 32:30 во 6. коло од Лигата на шампионите.

Нант имаше повеќе од играта во најголемиот дел од мечот во кој беше и во предност. Висла во завршницата од средбата успеа да се врати и да се обиде да дојде до барем реми на овој меч, но гостите успеаја да се снајдат и да дојдат до конечни 32:30.

Со новите бодови Нант успеа да се израмни со тимот на ПИК Сегед. И двете екипи имаат по седум поени, а Нант е место подолу поради полошата гол разлика.

На денешниот дуел играше и Кире Лазаров, кој се враќа во ритам после повредата. Успеа да постигне ден гол од два удари.