Кире Лазаров: Уште во првите 15 минути да го решиме натпреварот

Капитенот Лазаров пред денешниот натпревар со Иран изјави дека и покрај тоа што Иран нема ракометна традиција како нас, сепак треба да се посветиме максимално во овој натпревар, посебно во почетните 10-15 минути кога треба да ги решиме сите дилеми:

Без разлика на противникот кој е инфериорен на нас и нема толку голема ракометна традиција, сепак треба уште во првите 10-15 минути да покажеме максимална желба, борба, за да не се доведеме во ситуација во која се доведе репрезентацијата на Босна и Херцеговина.