Кире Лазаров не е со Нант на гостувањето кај Данкерк

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров го пропушти натпреварот против Данкерк на кој екипата на Нант е гостин. Според информациите коишто се објавени од клубот тој остана во Нант поради проблеми со стомакот и не беше во можност да настапи на ова незгодно гостување.

Се работи за мал проблем така што се очекува Лазаров веќе в сабота против Кристијанштад да биде дел од тимот на Нант на средбата од Лигата на шампионите и тоа на домашен терен.