Кире Лазаров за 24ракомет ТВ: Победивме незгоден ривал, благодарност за подршката на сите кои веруваа во нас (ВИДЕО)

Капитенот Лазаров видно задоволен по победата над Тунис, верува дека нашата репрезентација ќе продолжи со вакви игри во Катар. Совладан е доста незгоден противник кој ретко која репрезентација го поразила на овој начин, а тоа е доволен показател дека Македонија е на вистинскиот пат на ова СП.