Кире и Нант подготвени за утрешниот предизвик против Вардар (ФОТО)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров и колегите од неговиот нов тим пристигнаа во Скопје и веќе го одржаа првиот тренинг пред утрешната пресметка во Вардар во рамки на 2. коло од Лигата на шампионите.

Лазаров и колегите се подготвени за предизвикот кој ќе го имаат против актуелниот европски првак, а ова е ново гостување на Кире во Скопје бидејќи и досега има играно со другите клубови за коишто настапувал.

Средбата се игра утре од  17:30 часот, а и Вардар и Нант влегуваат во неа со победа од 1. коло. Вардарци славеа како гости кај Висла Плоцк, додека Нант на домашен терен го надигра составот на ПИК Сегед.