Кинга Кливини останува во ЕРД

Носителот на играта во ЕРД, Кинга Кливини останува во тимот и наредната сезона. Кливини во ЕРД пристигна минатата сезона од Вац каде и ја започна својата ракометна кариера. Добрите настапи во дресот на ЕРД беа причина да го продолжи договорот и за наредната сезона. Екипата предводена од Едина Шабо има за цел да го освои третото место во унгарското национално првенство, а моментално ЕРД е петтопласиран во унгарската лига.

Фото:handballerd.hu