Кинга Биздра го пропушта ЕП во Унгарија и Хрватска

Полската репрезентативка и членка на Будуќност Кинга Биздра, поради повредата која ја заработи на натпреварот против Вардар, ќе го пропушти следниот натпревар за Будуќност во ЛШ а исто така нема да настапи и на престојното ЕП во Унгарија и Хрватска. По извршените прегледи била констатирана повреда на колатералните лигаменти на коленото по што ја очекува пауза од три месеци. Тоа ќе биде голем хендикеп за репрезентацијата на Полска, која е во група со домаќинот Унгарија, Шпанија и Русија.