Ким Расмусен: Чест ми е што ќе ја предводам Унгарија (ВИДЕО)

Данскиот стратег кој оваа сезона ја освои титулата во Лигата на шампионките со ЦСМ Букурешт, заминува од клупата на романскиот шампион.

Ким Расмусен по селекторското деби на клупата на Полска прифати нов предизвик и во наредниот период ќе ја предводи сениорската женска ракометна репрезентација на Унгарија.
По долгиот период на преговори двете страни ги усогласиле ставовите, а тренерот на ЦСМ Букурешт ќе мора целосно да се посвети на новата улога во Унгарија. Унгарската Ракометна Федерација се обидува да го врати стариот сјај на женскиот национален ракомет, а во опција за селекторското столче беше и тренерот на Ѓер, шпанецот Амброс Мартин. Сепак делегацијата на унгарската куќа на ракометот, предводена од легендарната Каталин Палингер ја избра опцијата за данскиот стратег со кој е постигнат четиригодишен договор.

Во изјава за сите ракометни фанови во земјата, Расмусен истакна дека му претставува огромна чест што ќе седне на клупата на Унгарија, и ќе има можност да живее во прекрасната Будимпешта во наредните четири години. Повеќе можете да погледнете во продолжение.

Kim Rasmussen as the Head Coach of the Hungarian Women's Handb…

A ChampSport bemutatja…ChampSport presents…

Публикувахте от ChampSport International Sport Agency в Сряда, 18 май 2016 г.