КИМ РАСМУСЕН НОВ ТРЕНЕР НА ЦСМ БУКУРЕШТ

Ким Расмисен, данскиот стратег кој краток период беше помошник и во ЖРК Вардар е нов тренер на ЦСМ Букурешт. Тимот кој најавуваше атак на врвот на Европа, но во последно време го стресе аферата со градоналникот на град Букурешт кој е главен финансиер на клубот ги доживеа и првите промени и тоа на тренерската позиција. Ким Расмусен доаѓа на местото на Мете Клит која минатата година беше главен тренер во романската екипа. Првиот потег е направен, се очекува во деновите кои следуваат да се види каква ќе биде судбината на дел од играчкот ростер кои ова лето пристигнаа како големи засилувања за романскиот состав.